Веселин Вујовиќ: Вардар може да го мине Киелце

По натпреварот за 3.место во СЕХА лигата во кој екипата на Загреб го победи македонскиот вицешампион Вардар, тренерот на победничката екипа Веселин Вујовиќ на средбата со новинарите потенцира дека Вардар има реални шанси да го мине полскиот Киелце во четвртфиналето од Лигата на шампионите.




- Со многу повредени ракометари Вардар беше 50 минути рамноправен противник. Жалам што Раул дојде во позиција со преполовен тим за настапи на завршниот турнир. Сега мислите комплетно ни се насочени кон Лигата на шампионите. Истото важи и за Вардар и мислам дека ако ги рехабилитираат повредените ракометари Вардар има реални шанси да дојдат во Келн, изјави Вујовиќ.

Тренерот на црвено-црните, Раул Гонзалес само потврди дека целиот вардаров тим со мислите е насочен на двометот против Киелце.



- Честитки за победата на Загреб, одиграа многу добро. Им посакувам успех во ЛШ. Загреб игра многу добро сезонава. Нашиот фокус е на следната средба против Киелце во Лигата на шампионите, истакна Гонзалес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...