Публиката е најважен играч

Многупати сезонава ракометарките на Вардар изјавија дека посакуваат и се љубоморни на атмосферата која ја имаат „црвено-црните“ момци кога ги играат натпреварите од Лигата на шампионите. Таков амбиент секоја од нив посакува во саботниот натпревар, првиот против Ѓер од четвртфиналната фаза од најсилното европско клупско натпреварување. Вистина е дека дамите имаа турбулентен пат до четвртфиналето, но исто така факт е дека се на чекор до реприза на ланскиот успех и пласман на Ф4 турнирот во Будимпешта. Најважниот, најтешкиот чекор треба да го направат токму в сабота, во Скопје, во натпревар, кој без разлика на тоа што ќе се случи во овој двомеч ќе биде последен во елитното натпреварување пред домашната публика за Вардаровите дами сезонава.



По сите падови и подеми едно е сигурно дека македонскиот првак заслужи да го добие потребниот „ветер во едрата“ кој го носи полниот СЦ „Јане Сандански“. И викендов и вчера ракометарките се дружеа со своите фанови, делеа билети, автограми... со цел да покажат дека им е неопходна поддршката од трибините и дека публиката ќе биде најважен играч на овој натпревар.

„Потребна ни е полна сала и поддршка затоа што не е исто да се игра со и без публика. Навистина се надевам дека фановите ќе сфатат колку ни се потребни на овој пат до Ф4 и ќе бидат во сабота покрај нас“ – истакна Андреа Лекиќ.

Истата констатација ја има и крилото Маја Сокач.

„Ве молам дојдете и навивајте за нас“ – вели Сокач. „Потребно ни е арената да биде полна. Ние живееме за тој момент и неопходна ќе ни биде помошта од публиката во дуелот со европскиот првак Ѓер“.



Досега сезонава ЖРК Вардар не доби амбиен и атмосфера каква што реално заслужува, но како што Гордана Нацева најави на една претходна прес-конференција дека ракометната публика во Македонија секогаш чувствувала кога е најважниот момент, така и сега Вардаровите дами веруваат дека фановите ќе ја почувствуваат неизмерната потреба за 60 минутен „пекол“ во Скопје, со кој ќе го најават своето второ едноподруго учество на финалниот турнир во Будимпешта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...