Ѓоковиќ: Не знам до кога ќе траат победите

Доминацијата на сите големи турнири оваа година, како и рекордната разлика на АТП листата пред второпласираниот Роџер Федерер се само дел од фактите кои потврдуваат дека Новак Ѓоковиќ е во неверојатно добра форма. Со триумфот во Монте Карло, светскиот рекет број 1 стана првиот тенисер кој триумфирал на првите три Мастерс турнири во една сезона. Многумина сметаат дека Ноле е во иста форма како од пред четири години. Во 2011 година Србинот имаше над 40 победи во низа.



ПОТРЕБЕН Е И ОДМОР

„Искрено не знам колку ќе трае оваа серија победи. Знам дека имав слична ситуација во 2011 година. Тогаш серијата траеше повеќе од 40 натпревари. Не можам да предвидам дали ќе ја надминам таа низа. Сега ми е потребно една недела одмор бидејќи изминативе два месеци ми беа многу напорни. Многу патував, играв на многу терени“, рече Ѓоковиќ.

Популарниот Ноле вели дека не се оптоварува многу со рекордите и достигнувањата што ги постигнува. „Знам дека имам подобрено многу достигнувања и статистики. Сепак, кога се игра меч, мора да се влезе со чист ум. Ако почнеш да размислуваш за тоа што можеш да постигнеш, може лошо да ти се рефлектира на играта. Горд сум што сум првиот тенисер со победи на првите три Мастерс турнири, но тоа ми е и мотив да работам уште повеќе“, вели Ѓоковиќ, кој додаде дека не може да се споредува ситуацијата од 2011 година и сега.



НАЈВАЖНОТО ДОПРВА СЛЕДУВА

„Во 2011 година немав ниту еден пораз, сè до полуфиналето на Ролан Гарос. Сезонава веќе имам два порази, што не е исто. Сепак, чувството е слично бидејќи освоив многу трофеи во првиот дел од сезоната. Сепак, поминаа само четири месеци и најважниот период од годината допрва следува. Ролан Гарос и Вимблдон ми се приоритет“, заврши тенисерот кој доминира во овој спорт.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...