Ракометната федерација на Македонија од вчера во продажба ги пушти билетите за натпревар со апсолутниот првак Франција, во рамките од 3. коло од квалификациите за Европското првенство 2016 во Полска.
Цената на билетите е 200 и 300 денари, а може да се купат он лајн преку продажната мрежа на МКтикетс, како и на билетарницата на СЦ „Борис Трајковски“.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција е закажан за 29 април, во 20:15 часот, во Скопје.