Вардар мирно „тече“ низ Струмица

Мирно помина гостувањето на Вардар во Струмица, кој првото плеј-оф дерби со Зомимак М го доби со високи 38:27 (20:14), со што ја запиша втората победа во домашното првенство. Поучен од искуството пред две години кога токму на овој терен загуби бод „црвено-црниот“ табор влезе сериозно и дисциплинирано во мечот и покрај тоа што во составот недостасуваа Сергеј Хорбок, Даниел Шишкарев и Стефан Терзиќ, додека репрезентативците Стојанче Стоилов и Немања Прибак, како и Страхиња Милиќ и покрај тоа што беа во тимот останаа на клупата.



Понесени од желбата за сензација „рисовите“ дуелот го отворија со минимална предност (2:1, 3:2) која ја одржуваа до петтата минута. Следуваше серија од 1-8 на вардарци, која само за момент ја прекина Везенковски, за на средината на првиот дел фаворитот да има веќе комотни 4:10. Чуварот на мрежата Арпад Штербик, кој дотогаш имаше 8 одбрани, од кои еден седмерец, имаше голем придонес за ваквиот развој на настаните, како и Брумен и Дибиров, кои ја раширија играта на Вардар. Највисоката предност во првото полувреме на „црвено-црните“ дојде до +9 (7:16) во 22. минута. Потегот на голманот на Зомимак, Трајковски, кој по одбранетиот удар постигна погодок од гол на гол и го совлада Штербик ја обележа завршницата на првите 30 минути.

Продолжението го отвори Тоскиќ со два едноподруго погодоци, што само беше најава за расплетот. Залудни беа обидите на Зомимак да најде решение за играта на противникот, со оглед дека разликата во квалитет е евидентна. Во средината на полувремето Вардар дојде и до двоцифрено водство (20:30), а највисоката разлика беше 12 гола (23:35), која ја постави Марковиќ во два гола во низа.

Растворцев, кој доби шанса во нападот, што е несвојствена улога за него, со оглед на тоа дека најчесто го гледаме во дефанзивната линија се „отвори“ со 5 погодоци, додека капитенот Лазаров и Карачиќ го завршија мечот како најефикасни со по 6 гола. Штербик имаше 13 одбрани и еден седмерец, додека Ангелов, кој на голот застана во второто полувреме запиша 10 интервенции.



Кај Зомимак Чантурија со 6 гола беше прв стрелец.

Следната плеј-оф обврска Вардар ја има попладнево (18 часот) кога во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Тинекс Пролет, додека Зомимак М, в петок на домашен терен го пречекува Радовиш.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...