Фернандез „Прво Ф4, потоа заминувам“

„Управата на клубот е информирана за мојата одлука, но дали и каде ќе продолжам, за тоа ќе мислам потоа. Сега приоритет е Ф4, кој е мојот сон“, вели за „Македонски спорт“ Вардаровиот пикер

Искусниот, 35-годишен кружен напаѓач на ЖРК Вардар, Бегоња Фернандез на крајот на сезоната заминува од редовите на македонскиот првак. Поранешната шпанска репрезентативка, која најголемиот дел од сезоната го помина во рехабилитација по повредата на лигаментите на коленото, за „Македонски спорт“ ги потврди информациите кои се појавија во шпанските медиуми.



„Вистина е дека заминувам од Вардар по завршувањето на сезоната. Управата на клубот е веќе информирана за мојата одлука, но дали и каде ќе продолжам, за тоа ќе мислам потоа. Сега треба да го доработам договорот, кој е во важност до крајот на сезоната“, вели Бегоња Фернандез и додава: „Би сакала во моментов целиот фокус на медиумите да биде Ф4 во Будимпешта, а не моето заминување од клубот“.

Пикерот, чие отсуство и тоа како многу влијаеше во играта на вардарки сезонава, доби „зелено светло“ од лекарите да влезе во полн тренажен процес и најверојатно ќе се најде во составот за финалниот турнир во Лигата на шампионите.

„Добив дозвола од лекарите да играм, но мора да бидам реална дека две ипол недели се кусо време за да се вратам во игра и на нивото кое ми е потребно за да играм на Ф4. Сепак среќна сум што ќе бидам таму, со екипата. Тоа е мојот сон, да играм на фајнал-форот, но ќе видиме како ќе биде и колку ќе бидам подготвена“, заклучува Фернандез.

Заминувањето на Фернандез потврдува дека „црвено-црните“ со сигурност летово ќе бараат нов пикер, со оглед на тоа дека по сите перипетија сезонава, единствено Ања Алтаус остана како квалитетно и искусно решение.



ФЛЕРИ ОД ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ

Францускиот тим Флери, кој ќе биде спаринг партнер на вардарки во подготвителниот период за Ф4 во Будимпешта, доцна синоќа допатува во Скопје, а од денеска екипите влегуваат во заеднички тренинг процес.

Во четиридневниот престој во СЦ „Јане Сандански“ покрај заедничките тренинзи екипите ќе одиграат и два пријателски натпревари, еден зад затворени врати и еден, кој ќе биде отворен за јавноста, што ќе биде и последна контрола пред завршницата во Лигата на шампионите.

„Ваквата соработка со Флери, особено во моментов е од особено значење и е добредојдена за да се крене натпреварувачката форма на тимот и што подобро да се подготвиме за Ф4“, заклучува Индира Кастратовиќ, тренерот на ЖРК Вардар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...