Надал повторно загуби од Фоњини

Нов шокантен пораз за најдобриот тенисер на земја во историјата. Рафа Надал не успеа да го помине третото коло на домашниот турнир во Барселона губејќи од Италијанецот Фабио Фоњини.

Дека проблемите на „кралот на земја“ Надал се големи беше јасно и пред стартот на европската сезона на земја, но сепак, никој не очекуваше Фоњини да го победи вторпат во една сезона, откако го елиминираше и во Рио де Жанеиро.

Фоњини лесно го освои првиот сет со 6:4, додека во вториот Надал имаше брејк предност, пред на крајот да загуби во тај-брејкот со 8:6. Фоњини сега има 2-4 скор против Шпанецот.



Досега постоеја многу објаснувања за слабата форма на Надал - од минатогодишната повреда, проблемите со слепото црево, хардкорт подлогите... Поразот од Новак Ѓоковиќ во Монте Карло не е голем проблем, но втор пораз од тенисер како Фоњини во една година донесе до најлош старт на европската сезона на земја.

На еден месец пред стартот на Ролан Гарос, каде што е деветкратен шампион работите не изгледаат добро, и многумина сметаат дека оваа година може да загуби во Париз. Меѓутоа, слична ситуација беше и во 2014, кога тој загуби во четвртфиналето во Монте Карло и Барселона, но потоа доминираше во Париз.

Следниот турнир за него е Мадрид опен, каде што е актуелен шампион, и сè уште постои време да се „сврти“ работата.

Фоњини ќе игра со Шпанецот Пабло Андухар во четвртфиналето. Првиот носител и актуелен шампион Кеи Нишикори влезе во четвртфиналето со лесна победа над Сантијаго Хиралдо и сега игра со уште еден Шпанец, Роберто Баутиста Агут.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...