Не е дека не сакам, туку не можам

До првото гостување на светскиот првак Франција во Скопје останува помалку од една недела. Квалификациската рунда е сместена во „неделата на ЕХФ“, која, пак, е меѓу натпреварите од ЛШ и завршницата на локалните шампионати секаде низ Европа, па така репрезентациите имаат многу малку време за подготовки. Некои ќе имаат најмногу еден и пол, некои нема да имаат ниту еден цел ден за подготовки пред дуелите кои можат да ги разрешат дилемите околу имињата на патниците за првенството кое следниот јануари ќе се одржи во Полска.



Оттука и селекторите не дека многу тактизираа туку го користеа секој миг за да ги проценат на кого е најдобро да сметаат, кој е повреден, кој здрав, кој е во форма, кој не е. Затоа и составите излегоа прилично доцна, вклучително и тој на македонската репрезентација.

Тоа што привлече најмногу внимание е Ренато Вугринец. Леворакиот бек го немаше на списокот, што беше повод да се влезе во сплет на разни мудрости и индивидуални проценки кои за цел имаат да погодат зошто го нема во тимот.

Официјалното од селекторот и РФМ беше дека не е во тимот од семејни причини, што не можеше комплетно да ја убеди ракометната јавност, а со цел да ги прекине шпекулациите, тоа вчера го потврди и самиот Вугринец.

„Не можам да помогнам во оваа акција. Затоа ги информирав и РФМ и селекторот. Не реков дека не сакам да играм за Македонија, затоа што тоа не е точно. Туку дека за оваа акција навистина не можам. Од семејни причини, не можам да навлегувам и да објаснувам детали. Но, не би сакал луѓето да шпекулираат, би сакал да ја почитуваат оваа моја одлука. Јас секогаш сум бил и професионалец и максимално фер и посветен. Секогаш ми биле најважни гледачите.



За жал, овој пат не можам да помогнам, но сакам тие да ја испочитуваат мојата одлука“, вели Вугринец.

На местото на Вугринец селекторот го повика Влатко Митков, ракометарот кој за себе на шега вели дека е ракометар со најмногу „камбеци“ во репрезентацијата. Бекот на Кремс ќе му биде посебно од корист на Обрван во дефанзивната формација, во напаѓачкиот дел го има Кирил Лазаров.

Натпреварот со Франција ќе се игра в среда, со почеток од 20:15 часот, во „Борис Трајковски“ во Скопје. Билетите за дуелот на најдобриот македонски тим со можеби најдобрата екипа во историјата се пуштени во продажба. Можат да се набават и електронски, преку Мктикетс, а чинат по 200 и 300 денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...