Нишикори остана одличен во Барселона



Актуелниот шампион Кеи Нишикори влезе во полуфиналето на Барселона опен со тешка 6:2/3:6/6:1 победа над домашниот фаворит Роберто Баутиста Агут. Јапонецот е главен фаворит да ја одбрани титулата, по поразот на Рафаел Надал во третото коло.

Нишикори имаше лесен прв сет по брејкот во првиот гем, но Баутиста врати со брејк за 4:2 во вториот и спаси три брејк-топки за да израмни. Светскиот број 5, Нишикори го крена нивото на игра во третиот сет и сега за место во финалето ќе игра со Словакот Мартин Клижан, кој со 7:6(5)/6:4 елиминираше уште еден Шпанец, Томи Робредо.

„По лошиот втор сет навистина морав да играм подобро. Останав силен до крај“, вели Нишикори.

Во Штутгарт, пак, втората носителка Симона Халеп обезбеди полуфинална пресметка со поранешната светска тенисерка број 1, Каролине Вознијацки.

Халеп, која ќе ја замени Марија Шарапова како светска тенисерка број 2 во понеделник, со 6:4/6:4 ја победи поранешната финалистка од Ролан Гарос, Сара Ерани за своја 16. победа во 17 меча, по освојувањето на титулите во Дубаи и Индијан Велс. Вознијацки со 6:0/6:3 ја декласираше Шпанката карла Суарез Наваро.

Шампионот од овој турнир ќе заработи 108.000$ и ново „Порше 911 Карера“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...