Новиот меч на Кличко во сенка на Мејведер-Паквајо

Шампионот во тешка категорија, Владимир Кличко, првата ѕвезда на некогаш најгламурозната дивизија во боксот, повторно има проблем да добие внимание за неговиот меч за одбрана на титулата во Њујорк.

1.98 метри високиот Украинец ретко е „пократок“ за нешто, но сега огромниот интерес за долгоочекуваната пресметка во велтер категорија помеѓу Флојд Мејведер и Мани Паквајо го постави првиот американски меч на Кличко од 2008 на маргините.

Мечот дури не е распродаден во „Медисон сквер гарден“, каде што Британецот Ленокс Луис и Американецот Ивандер Холифид имаа пресметка за апсолутната круна во тешка категорија во 1999 година. Кличко, и покрај својот огромен успех, не успеа да ги привлече американските фанови.

„Навистина сум збунет за тоа. Кличко имаше добра категорија, но не е добро примен во САД. Но, не се гледа дека некој може да го победи“, вели поранешниот шампион Џорџ Формен.

Останува да се види дали еден од тие кои можат да го победат е американскиот предизвикувач Брајант Џенингс, боксер кој има 19-0 скор со 10 нокаути. Американецот добива прва шанса за меч за титула, а во 2004 година, кога последен пат Кличко загуби тој работеше како чистач.

„Искрено, не знаев кој е тој“, изјави Џенингс.

Кличко, со 63-3 скор и 53 нокаути има дури 21 победа во низа и ги има сите големи титули во категоријата освен таа на ВБЦ, која му припаѓаше на неговиот постар брат Виталиј, кој имаше 45-2 скор и победи во своите последни 13 меча од поразот од Ленокс Луис во 2003.

Виталиј ја имаше круната осум години, додека Владимир ги собираше другите титули, но бидејќи ветија дека нема да се сретнат во рингот, немаше надеж да има „апсолутен шампион“ како во времето на Мајк Тајсон. Американскиот интерес во категоријата полека го снемуваше, откако американските боксери губеа од слаби противници. Последните 13 меча на помладиот Кличко се во Европа, од кои 11 во Германија. САД немаат шампион во тешка категорија од 2006 година кога на тронот беше Хасим Рахман, пред минатиот јануари Деонтеј Вајлдер да го победи Канаѓанецот Бермејн Стиверни за ВБЦ титулата.

„Кој има погладни момци за титули ќе има и најдобри боксери. Сега најмногу доаѓаат од Русија. Ние во САД како да страдавме од правосмукалка од космосот која ги собра нашите тешкаши. Ги бараме секаде, но ги нема. Кошарката, американскиот фудбал и безболот ја преземаа ситуацијата“, оценува Формен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...