Во Вардар дојдов за да ја освојам Лигата на шампионите

Најдобрата ракометарка на македонскиот првак ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ која во моментов е втор стрелец во Лигата на шампионите со 89 гола во интервју за ЕХФ изјави дека во Скопје е дојдена со својот клуб да го освои трофејот во елитното натпреварување.

- Знаев точно што сакам следно во мојата кариера. Дојдов во Вардар со една цел – да ја освојам Лигата на шампионите и чувствувам дека ова е местото и тимот со кој ќе успеам да го остварам тоа. Ова е мојот прв Ф4 турнир како играч, но јас бев присутна и минатата година на Ф4 во Будимпешта, како гледач. Во тоа време веќе се имав договорено со Вардар и имав голема желба да бидам дел од тој настан и следната сезона, истакна Пенезиќ.



За противникот во полуфиналето на Ф4 таа вели дека е силен состав, но не и непобедлив.

- Го познаваме Будуќност многу добро. Тие се една екипа цврста во одбрана, одлично организирана и секогаш се меѓу фаворитите за титула. Но, јас чувствувам дека можат да загубат – секој може да загуби. Нашата победа против Ѓер направи да веруваме дека можеме да победиме против секоја екипа.

Пенезиќ задоволна и од работата на тренерскиот тандем Индира Кастратовиќ и Јан Питлик.

- Нашата најголема сила во Вардар е тимскиот дух. Ова е една балканска врска. Тоа најмногу се должи на Индира, која има многу големо трпение и доверба во нас, а исто така е голем мотиватор. Доаѓањето на Јан ни даде една свесност во тактичка смисла и го разви тој дел од нашата гира. Чувствувам дека сме еден перфектен тактички микс на балкански и скандинавски ракометен стил – тоа е една од нашите најсилни страни, потенцира бекот на „црвено-црните“.



Вардар на 9 мај против Будуќност ќе се обиде со победа да обезбеди финале на завршниот турнир во Будимпешта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...