Лазовиќ: Будуќност се плаши од нас

„Верувам дека не нè посакуваа во полуфиналето. И тие нè следат, нè анализираат и знаат дека сме во одлична форма. Нема сомневање дека ќе се бориме до последен атом“, вели десниот бек

Балканското дерби, „финалето пред финале“ на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите е во фокусот на регионалните медиуми деновиве. Како сè поситно се бројат деновите со полуфиналниот дуел в сабота така сè повеќе во центарот на вниманието се главните актери. Вардарки вчера го одработија последниот тренинг на домашен терен, а со ракометарките со полна сила работи и Барбара Лазовиќ, на која се внимаваше изминативе неколку дена, особено по несреќниот, тежок „судир“ кој го имаа со Татјана Хмирова.



„Добра сум, сè е в ред. Не би го пропуштила Ф4 за ништо на светот“, со насмевка вели десниот бек на Вардар.

Лазовиќ, заедно со Андреа Пенезиќ и Ања Алтаус не беа дел од ланскиот полуфинален дуел со Будуќност, но добро се запознаа со ривалството кое владее меѓу двата тима. Од дуелите во групната фаза до денеска многу работи се сменети во Вардаровиот табор, а бекот смета дека црногорскиот првак и тоа како е свесен за тоа.

„Одамна нема тајни и сите добро се познаваме меѓу себе. Верувам дека Будуќност се плаши од нас и дека не нè посакуваа како противник во полуфиналето. И тие нè следат, нè анализираат и јасно им е дека сме во одлична форма. Можеме сезонава имавме премногу осцилации, подеми и падови, повреди и некои проблеми, но од сите нив излеговме уште посилни, а сега имаме одлична шанса на Ф4 уште еднаш да го покажеме тоа.

Нема да биде лесно во никој случај, Будуќност е многу квалитетна екипа и важат за фаворит за освојување на Лигата на шампионите, но ние сме им должници од лани. Имаме 60 минути да покажеме што можеме и тоа ќе биде интересен натпревар, со многу борба и тактичко надмудрување од кој се надевам дека ќе излеземе како победници и ќе играме финале“, децидна е Лазовиќ.

АЏИЌ: ПОЕДИНЦИТЕ СТАНАА ТИМ

Ваквото размислување на Барбара Лазовиќ доби потврда од тренерот на Будуќност, Драган Аџиќ, кој во разговор со еден црногорски медиум изјави дека Вардар од група на поединци станал тим.

„Постои голема разлика меѓу оној Вардар со кој игравме во групната фаза и овој денеска. Со самото играње натпревари и искуството стекнато преку поразите и победите тие изградија квалитетен тим. Вардар беше група на индивидуалци, а со доаѓањето на Јан Питлик, неговиот квалитет и искуство, тој неспорниот квалитет го вклучи во формирање на тим и му даде еден данскиот начин на размислување и игра, што го покажаа и против Ѓер. За разлика од лани Вардар е играчки подобар и сега е вистински тим, што го прави многу опасен. Ќе имаме потешка задача од кој било друг натпревар со Вардар. Ќе се подготвуваме за сите можни изненадувања од Питлик“, изјави Аџиќ.



Покрај данскиот стратег, за црногорскиот селектор крајно опасни се и Андреа Пенезиќ и Ања Алтаус.

„Пенезиќ можеби доби најмногу со доаѓањето на Питлик бидејќи во последните неколку натпревари е доминантно најдобра ракометарка на Вардар. Комплетен играч е, доминантна и во нападот и во одбраната и ќе биде клучна за македонскиот тим. Сме се среќавале неколкупати досега, но мислам дека сега игра најдобро во кариерата“, ја коментира играта на бекот Драган Аџиќ, а во анализата ја додава и германската репрезентативка во „црвено-црниот“ дрес.

„Ја споменав Пенезиќ, но сметам дека всушност Алтаус го направи најголемиот чекор во последните два месеци. Од играч кој добиваше можеби една топка, стана некој кој дава многу важни голови, игра одлично во одбраната и екипата има доверба во неа. И минатата, но и оваа сезона се стабилни на пикерската позиција, иако имаат само едно решение, но Алтаус последните неколку натпревари кои ги одигра се можеби најдобрите во нејзината кариера“.

СИТЕ ЗА ЕДЕН, ЕДЕН ЗА СИТЕ

Приказната, но и муабетите кои ги поврзуваат Вардар и Будуќност се судрија уште еднаш, овој пат Ања Алтаус се надоврза на анализата на Драган Аџиќ, без воопшто да знае за неа. Германката е единственото решение на позицијата кружен напаѓач, но со таквата улога таа се носи цела сезона (колку за потсетување играше и со скршен нос) и тимот несомнено многу зависи од неа.

„Ќе биде тешко за мене да играм 60 минути, но тоа го правам целата сезона. Секако дека за мене, за моето тело и за енергијата, која ќе треба да ја дадам во два дена ќе биде тешко, но подготвени сме и кога ќе ми треба одмор тука се другите девојки да ми помогнат. Тоа се причината поради која сме тим и мора да останеме силни заедно и да си помогнеме една на друга“, објаснува Алтаус и додава:

„Лани Ф4 го гледав од мојата софа пред телевизор, а сега една година подоцна имам шанса да се борам за трофејот, кој го сакам и ќе направам сè за него, а од друга страна по сè низ што поминавме го заслужуваме.



Ќе биде тешко, но не одиме во Будимпешта само за да бидеме таму туку и за да атакуваме на финалето и на титулата“.

ВО „ЛАСЛО ПАП“ 500 ВАРДАРОВИ ФАНОВИ

Клубот потврди дека конечната бројка на „црвено-црни“ фанови кои ќе бидат во „Ласло пап“ арената во Будимпешта е 500. Членови на навивачката група „Комити“, спонзори, пријатели на клубот, како и македонските медиуми, кои ќе ги има во дополнителна бројка ќе бидат поддршката на Вардаровите дами на патот кон нов историски успех во клупската историја.

АКЛИМАТИЗАЦИЈА

Вардар денеска околу 14 часот треба да пристигне во Будимпешта, а македонскиот првак ќе биде првата екипа што ќе почне со аклиматизација на унгарско тло. Ракометарките вечерва ќе го одработат и првиот тренинг, додека од утре почнуваат обврските пропишани и со протоколот за организација на Ф4.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...