Вардарки повторно елиминирани од Будуќност

Будимпешта, 9 мај 2015 (МИА) - Ракометарките на Будуќност уште еднаш беа „кобни“ за македонскиот првак ЖРК Вардар на завршницата на Лигата на шампионките.

Во полуфиналето на „Фајнал фор’’ турнирот во Будимпешта, вардарки како и лани, така и денеска не успеаја да го минат црногорскиот шампион Будуќност, кој за место во финалето се избори со победата од 27:17. 

До десеттата минута се играше рамноправно, по што црногорската екипа направи серија од 3:0, за прво водство на Будуќност од три гола разлика 6:3 во четиринаесеттата минута. Иста таква серија Будуќност направи по втор, по што во 25-минута, стигнаа до највисоко водство од +5 гола (12:7), кое екипата од Подгорица го сочува до крајот на првото полувреме, па на паузата замина со предност од 14:9.

Ваквата предност Будуќност рутинирано ја чуваше и зголемуваше, за на крајот за слави победа со конечни 27:17.

Ракометарките на Будуќност Радмила Петровиќ и Кристина Неагу со по 7 постигнати голови беа најефикасни на натпреварот, додека кај ЖРК Вардар, Андреа Пенезик и Андреа Лекиќ постигна по четири гола. За одбележување е и настапот на Клара Волтеринг која на голот на Будуќност која со 13 успешни интервенции, беше нерешлива енигма за вардаровите ракометарки.

На вардарки им останува во дуелот против руската екипа Динамо Синара од Волгоград, против која сезонава играа два пати во фазата по групи, да се изборат за третото место. Мечот ЖРК Вардар – Динамо Синара ќе се игра утре со почеток од 14 часот и 30 минути.

Во финалето (од 17 часот), Будуќност ќе игра против досега норвешката екипа на Ларвик, која во првиот полуфинален меч го совлада Динамо со 31:22.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...