Вардарки повторно трети во Лигата на шампионите

Скопје, 10 мај 2015 (МИА) –  Ракометарките на ЖРК Вардар втора година во низа завршуваат како трето рангиран тим во елитната Лига на шампионите. 
 
Црвено-црните попладнево во дуелот за третото место на завршниот "Фајнал фор" турнир во Будимпешта ја совлада руската екипа Динамо Синара од Волгоград со 28:26.
 
Целиот меч мина во рамноправна игра, а на крајот поголемата желба за триумф на нашиот тим му го донесе третото место.
 
Андреа Пенезиќ со девет голови беше најефикасна во редовите на македонскиот шампион, додека во руската екипа најпрецизна беше Ана Кочетова со седум постигнати голови.
 
Вардаровата ракометарка Јованка Радичевиќ, победата им ја посвети на припадниците на МВР кои загинаа во акцијата во Куманово, притоа апелирајќи да се сочува мирот.
 
- Да бидам искрена многу ми е тешко и жал за ситуацијата којашто се случува долу. Луѓе загубија животи, некои останаа без покрив над глава…Ние моравме да играме и ете, ако им е малку за утеха, оваа бронза им ја посветуваме на сите нив. Апелирам, најважно е да го сочуваме мирот и се надевам дека ситуацијата набргу ќе се смири, изјави Јованка со плач во гласот.
 
Во финалето, за шампионскиот трофеј, играат црногорската екипа Будуќност и норвешки Ларвик, тим кој досега победи на сите натпревари сезонава во Лигата на шампионките.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...