Човиќ е новиот Вардаров пикер

Со ангажирањето на хрватската репрезентативка Андреа Човиќ, македонскиот првак ЖРК Вардар најде решение за проблематичната позицијата кружен напаѓач. Младата 21-годишна ракометарка доаѓа од редовите на Подравка, а црвено-црниот дрес ќе го носи во следните три години.

Човиќ е алтернативата за Бегоња Фернандез, која на крајот на сезонава му вели збогум на ракометот и ќе биде поддршка за Ања Алтаус, која речиси цела сезона самостојно го носеше товарот како единствен пикер во тимот.

Хрватката меѓу вардарки доаѓа со многу добри препораки.

„Станува збор за една од најпотенцијалните ракометарки на оваа позиција во регионот и добивме позитивни информации од нејзиниот клуб Подравка дека станува забор за вистински професионалец и позитивна личност. Токму тоа му е потребно на Вардар и верувам дека брзо ќе се вклопи во тимот и ќе се развие во врвен линиски играч. Верувам дека екипата ќе добие вистинско засилување и како играч и како личност, што е многу важно. Човиќ ќе биде дел од тимот во следните три години“, нè информираше претседателката на ЖРК Вардар, Гордана Нацева.

Пикерот сезонава имаше можност да ја види силата на вардарки, со оглед на тоа дека „црвено-црните“ дами и Подравка се сретнаа во групната фаза од Лигата на шампионите.



Претставувањето на Човиќ пред Вардаровите фанови, најверојатно ќе се случи на крајот на јули, за кога ќе биде закажан и првиот собир на екипата за новата сезона.

СЕ БАРА СРЕДЕН БЕК

Со ангажирањето на Човиќ не е комплетиран ликот на екипата за следната сезона. Раководството на „црвено-црните“ сега е во потрага по среден бек откако Јулија Николиќ одлучи да стави крај на играчката кариера по завршувањето на оваа сезона.

„Во потрага сме по среден бек, но сè уште не сме во конкретни преговори со некоја ракометарка. Бараме слободен играч, кој ќе одговара на концептот на тренерите Кастратовиќ и Питлик. Вистина е дека основата на тимот ја сочинуваат ракометарки од регионот, но Вардар не се ограничува и размислуваме во сите насоки“, објаснува Нацева.

Со пензионирањето на Николиќ, само Андреа Лекиќ останува како опција за плејмејкерската позиција, па поради тоа Вардар мора да најде квалитетна алтернатива, со која сите линии ќе бидат комплетно затворени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...