Федерер: „Ѓоковиќ може да биде сопрен“

Роџер Федерер го предупреди Новак Ѓоковиќ дека нема гаранција дека тој ќе стигне до својата прва титула од Францускиот опен тврдејќи дека тој и Рафаел Надал имаат големи шанси.

Ѓоковиќ стигна до својот четврти Мастерс 1000 трофеј оваа година во неделата откако лесно го совлада Федерер со 6:4/6:3 во финалето на Италијанскиот опен и според многумина сега е најголемиот, ако не и единствен фаворит пред стартот на вториот гренд слем од сезоната овој викенд.



Србинот, кому во гренд слем колекцијата му недостига само трофејот од Францускиот опен, изгледа удобно на земјена подлога оваа година, и сега има серија од 22 меча без пораз. Осумкратниот гренд слем шампион е фаворит кај букмејкерите, но Федерер вели дека е прерано 27-годишниот Ѓоковиќ да се промовира во шампион.

Швајцарецот вели дека тој има доволно добра игра да го победи Ѓоковиќ во Париз, но и дека Надал сè уште не го покажал најдоброто пред турнирот кој го освојуваше девет пати.

„Не можете да ги одземете минатите 10 години. Се работи за мечеви во кои треба да се освојат три сета. Знаеме колку е Рафа физички и ментално силен. Тој според мене е првиот фаворит. Новак можеби е фаворит според резултатите кои ги покажа оваа година бидејќи наликува на 2011 кога не загуби речиси цела година. Рафа можеби нема ист успех како и претходно, но на крајот сè ова се зборови - на крајот рекетот ќе каже кој е најдобар“, вели Федерер.

Анализирајќи ги сопствените шанси да ја врати титулата која ја освои во 2009 година, Федерер се смета за фаворит од сенка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...