Душебаев уште две години ќе го носи „црвено-црниот“ дрес

Четвртфиналистот од Лигата на шампионите и освојувач на македонскиот ракометен Куп екипата на Вардар го продолжи договорот со десниот бек и шпански репрезентативец Алекс Душебаев. Тој и во следните две сезони ќе го носи „црвено-црниот“ дрес.



- Вардар го задржува костурот на тимот и за следните сезони, а Алекс е дел од идните планови на клубот. Неговата младост, квалитет и прикажани игри беа причина да му понудиме нов договор, што на наше задоволство го прифати, изјави за клупскиот сајт Давор Стојаноски, директорот на Вардар.

Душебаев беше еден од носителите на играта на Вардар во Лигата на шампионите, каде постигна 73 голови и ги одигра сите натпревари. Оваа сезона се најде и во „ол стар“ тимот на СЕХА лигата, а во неколку наврати беше избран и во „тимот на колото“ во Лигата на шампионите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...