Деветкратниот шампион од Францускиот опен Рафа Надал веќе нема да биде сметан како „непремостлива пречка“ на Ролан Гарос оваа година, вели двократниот поранешен шампион Џим Куриер. Американецот, кој владееше на гренд-слемот на земја во 1991 и 1992, смета дека Надал не е ниту втор фаворит ставајќи ги Новак Ѓоковиќ и Кеи Нишикори пред него.
„Првпат по повеќе години Надал нема да биде фаворит бидејќи таа улога целосно ја презеде Новак Ѓоковиќ. Надал е помалку ранлив во Париз, бидејќи се игра во пет сета и му се дава повеќе време да ги реши проблемите, но сега има момци во соблекувалната кои го сметаат како можност, а не како непремостлива пречка“, вели Куриер.
Надал загуби во 1/4 финалето на Мастерсот во Рим од Стен Вавринка, од Енди Мареј во финалето во Мадрид, и од Ѓоковиќ во полуфиналето во Монте Карло.