Камп за ракометна иднина

Вардаровата ракометарка Андреа Лекиќ од 20 до 26 јуни во Охрид ќе го организира третиот интернационален камп на ракометната академија „Андреа Лекиќ“, кој премиерно ќе се одржи на македонско тло. Најдобрата ракометарка на светот за 2013 година, која веќе две сезони го носи црвено-црниот дрес, вчера го промовираше својот камп, а како главна причина за неговата „преселба“ во Македонија е тоа што знае колку публиката тука го сака ракометот.

„Ова е сериозен проект, кој од годинава ќе се одржува во Охрид и се надевам дека ќе остане во Македонија и ќе создаде традиција со оглед на тоа што знам колку луѓето тука го сакаат и почитуваат ракометот. По првите две изданија продолжуваме со исто темпо, пријавувањето е отворено и засега имаме учесници од девет земји“, објаснува Андреа Лекиќ.



„Причината поради која го правам ова е неизмерното задоволство кое го носи среќата на децата на кампот и тоа е чувство кое не може да се спореди со ниту една титула“, додава средниот бек.

Стандардниот тим од тренери, доктори и психолози ќе понудат еднонеделна програма која ќе донесе основно спортско образование и спортски ритам на живот на сите момчиња и девојчиња од 11 до 17 години. Учеството на кампот чини 300 евра, но за учесниците од Македонија цената е намалена на 250, додека четири-пет деца ќе можат и бесплатно да го посетуваат кампот, меѓу кои и Елена Велјановска, од домот за деца без родители која веќе три години тренира ракомет.



Гости на кампот ќе бидат капитенот на ЖРК Вардар, Ина Суслина, како и репрезентативните колешки од српскиот национален тим, Сања Дамјановиќ и Катерина Томашевиќ, но ракометарката ќе се обиде да ја зголеми листата на ѕвезди кои ќе го посетат кампот.

Академијата на Лекиќ во Охрид е во исто време кога ќе се одржува и премиерниот камп на Кирил Лазаров, со кој е најавена соработка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...