Трета круна за вардарки

Апсолутната доминација на домашната женска ракометна сцена на ЖРК Вардар доби и официјална потврда вчера попладнето откако претседателот на РФМ, Живко Мукаетов свечено им ги врачи пехарите на капитенот Ина Суслина и на Јулија Николиќ. Втора година во низа „црвено-црните“ дами се без конкуренција како носители на двојната круна или вкупно третата шампионска титула ја прославија пред својата публика во СЦ „Јане Сандански“.



Како увертира на крунисувањето беше претпоследниот првенствен меч против сестринскиот тим на Вардар 2, кој очекувано заврши со победа на поискусните ракометарки 34:18 (14:9), но реално е дека немаше никакво резултатско значење со оглед на тоа дека шампионската позиција на тимот на Индира Кастартовиќ беше познат на три кола пред крајот на првенството. Во составот ги немаше Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ, Ина Суслина, Бегоња Фернандез, додека стандардно повеќе простор имаа младите ракометарки Драгана Петковска, Ивана Гакидова, Сара Митова… кои коректно си ја одработија задачата со поддршка на дел од ѕвездите.

Вардаровите ракометарки можеби ја прославија титулата, но пред да почнат да мислат на одмор ќе мора да бидат уште малку трпеливи, со оглед на тоа дека до крајот на сезоната ги очекува уште еден првенствен натпревар, гостувањето кај тимот на Ѓорче.

НИКОЛИЌ И ФЕРНАНДЕЗ ВО „ПЕНЗИЈА“

Како што најавија од вардаровиот табор последниот натпревар на домашен терен значеше и збогување за Јулија Николиќ и Бегоња Фернандез.

И додека шпанската ракометарка последниот меч го следеше од трибините, Николиќ беше во тимот, доби солидна минутажа и запиша два гола, а доби и едно исклучување, „последно во кариерата“ како што се пошегуваа од клупата. Средниот бек најави дека става крај на кариерата поради проблемите со колената, како и поради тоа дека сака да го прошири своето семејство.

Покрај ракометарките екипата се поздрави и со Урош Брегар, асистентот на Индира Кастратовиќ, кој пред неколку месеци одлучи дека е време да се најде во улога на прв тренер и од следната сезона ќе го предводи унгарскиот клуб Вац, а заминува и кондициониот тренер Ненад Њаради.



Вардарки ја задржаа традицијата, па Николиќ и Фернандез беа испратени со врамени дресови, букети цвеќе, балони и плаќети, а не можеа да се сопрат и солзите, кои беа видливи и кај двете, како и кај дел од нивните клупски колешки.

Истиот третман го добија и Брегар и Њаради како благодарност за нивната квалитетна работа во тимот, кој две сезони во низа го држи приматот на домашната сцена, но и е трета европска ракометна сила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...