Деревен ја збогати руската „колонија“

Она што „Македонски спорт“ го најави уште во текот на јануари оваа година, и официјално беше потврдено во текот на вчерашниот ден.

Информацијата вели дека раководството на РК Вардар го официјализираше тригодишниот договор со 23-годишниот руски ракометар Александар Деревен.

Деревен, кој инаку досега беше дел од екипата на Чеховски медведи, важи за еден од најталентираните леви бекови во Европа. А како дополнение на една ваква констатација говори и податокот дека пред извесно време Деревен е номиниран за најдобар млад ракометар на сезоната во изборот на ЕХФ.



А и онаа другата, која, пак, кажува дека на последното СП во Катар (одржано во јануари), овој млад Русин беше избран во Ол стар тимот на дебитантите.

Во сезоната која полека останува зад нас, посебно оној дел во Лигата на шампионите Деревен постигна 63 гола, сите постигнати во онаа групна фаза од најквалитетното европско натпреварување бидејќи рускиот тим не обезбеди пласман во осминафиналната.

Претходно Деревен како член на екипата на Чеховски медведи беше првак на Русија во 2013 и 2014 година, освојувач на Купот на Русија во 2013 и на Суперкупот во Русија во 2014 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...