Вујо за пола копје пред Раул

Словенечката „звеза“ в среда ќе го соопшти името на новиот селектор на машката репрезентација, а по вчерашното „пребројување“ се чини дека Веселин Вујовиќ е за пола копје пред Раул Гонзалез во изборот. Бранко Тамше, единствениот Словенец кој ги преживеа сите филтри освен последниот, исто така има шанси, но скромни.

„Ќе видиме, јас сум само еден од кандидатите. Изборот е в среда“, изјави за Македонски спорт, Веселин Вујовиќ.



Но, словенечките колеги, кои од дома ги разработуваат опциите, а меѓудругото им пошло од рака да разговараат и со Раул, тврдат дека Вујовиќ е пред промоција.

АГРЕСИВНОСТА (ЌЕ) ПРЕСУДИ

Бранко Тамше им е домашен, Хуан Паштор добил одлични препораки од Дејан Бомбач, а само пофални зборови за Раул имале Матјаж Брумен и Алем Тоскиќ, тврди „Дело“, но словенечката „звеза“ најмногу го сака за селектор Веслин Вујовиќ.

Сите кандидати имаат неспорни квалитети како тренери, а пресудно во оваа приказна би требало да биде агресивноста која Словенците очекуваат Веселин Вујовиќ да им ја пренесе во репрезентацијата.

Поранешниот тренер на Вардар е познат мотиватор, тренер кој успева од тимот да извлече повеќе од максимум, а токму поради недостиг на тој елемент се растури нивната дружба со екс селекторот Борис Дениќ.



Можеби најдобрата препорака за Вујовиќ е неговата работа во Загреб, каде, како што обожаваат да кажат Хрватите, ракометарите на Загреб ги претворил од „зетовци“ во „бараби“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...