сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Стил / Автосвет

Препородениот Ford Capri

Легендата е спремна повторно да се врати откако Ford реши да се приклучи во “купе“ класата на пазарот.

Оригиналниот, првиот Capri беше еден од најпознатите и најсаканите модели на производителот, кој се произведуваше до крајот на осумдесетите години на минатиот век.

Пристапните купе модели на автомобилите како да се наоѓаат во својата ренесанса, а Ford веќе се има докажано со своите фокусирани пазари преку S-MAX компакт MPV и Kuga 4x4.

Сега е време Capri да го направи својот камбек на пазарот.

Едно е сигурно, Capri ќе наиде на огромна конкуренција. Audi го има своето A5, Volkswagen – Scirocco, Toyota планира да направи нова Celica, Hyundai го најави своето Coupé и на крај Peugeot преку своето 308 RC Z.

Како што може да се види од сликите, новиот модел на Ford има доволно стил кој привлекува големо внимание.

Предната двојна решетка е заштитен знак на моделот со прилично големите и ниски воздушни канали до кој се наместени светлата за магла.

Профилот на автомобилот е приближно сличен со оригиналниот модел и e дополнет со познатите задни прозори во форма на буквата “С“, потесните столбови на кровот и повпечатливите задни и предни фарови.

Внатрешната кабина е инспирирана од новото Mondeo и во неа се сместени 4 седишта. Пластиките кои ќе се користат се од висок квалитет кој одговара на оваа класа.

Агрегатот кој ќе го придвижува автомобилот е 5-цилиндричен со зафатнина од 2.5-литри и на кој е додаден турбополнач како на ST моделите.

RS верзијата со 3.2-литарскиот, 6-цилиндричен мотор кој нуди погон на 4 тркала, исто така се наоѓа во плановите на фабриката.

За жал, моделот нема да дојде на пазарот пред следната декада. Планираниот концепт официјално ќе биде објавен дури во 2009 година.

(Б.Т)




Наjновo од Стил
Новата муза на Chanel No. 5
Chevrolet Corvette ZR1
Водете го партнерот низ сексот
Глина за убавина и здравје
Sang Noir Bugatti Vayron 2008
Крема за зголемување на гради
Пристојните момчиња попривлечни од убавите
ЛАДА против BMW и Alfa Romeo
Ѕирнете во новиот Mégane
Како да заштедите гориво
Нов Jazz SUV
Peugeot’s 308 RC Z coupe
Mercedes SLK55 AMG BRABUS
VW GX3 Reverse Trike концепт
Препородениот Ford Capri
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи