Стил / Автосвет
Peugeot’s 308 RC Z coupe

Францускиот производител на автомобили Peugeot се спрема за производство на новиот 308 RC Z coupé кој ќе биде директен конкурент на Audi TT. Изложената верзија на моделот при самото производство ќе ги задржи двете испакнатини на средината на кровот, алуминиумските држачи на кровот и задното заоблено стакло. 
Под хаубата, RC Z ќе биде напојуван со истиот 1.6-литражен агрегат кој се користи и во MINI Cooper S, кој подразбира снага од 170кс. Во план е и помалку моќната верзија на истиот мотор. Менаџментот на Peugeot се надева дека новата креација ќе им помогне да го зајакнат својот имиџ кај младата популација како што наприви 205 GTi во осумдесетите години на минатиот век. Купето првпат беше претставено на есенскиот саем на автомобили во Франкфурт, а неговото комерцијално претставување на патот се очекува да биде на истиот настан во 2009 година. Почетната цена на автомобилот ќе биде 21.000 евра, што го става RC Z во блиска конкуренција и со Scirocco моделот на VW. 

(Б.Т)
|