Стил / Автосвет
Нов Jazz SUV

Honda го трансформира својот Jazz автомобил во малечок SUV. Новиот модел го користи истиот погон на предните тркала но неговото тело е доста поразлично, со модерен теренски изглед. Перформансите се ветувачки, а на прво место е претставен 1,8-литражниот бензински мотор. Иако концептот на сликата е со 5 врати, постојат гласини дека Honda работи на моделот со 3 врати. 
Купувачите ќе добијат широк избор на декоративни елементи, а исто така ќе им биде понуден и графички дизајн за персонализирање на својата кола. Откриен во саемот за моторни возила во Пекинг, моделот сеуште нема име, но можеби ќе го крстат “Li Nian“ (новиот бренд на Honda) кој во превод значи “предмет“ или “идеа“. SUV-то ќе се произведува во кинеската фабрика на Honda, Guangzhou, која веќе го прави сегашниот Jazz и Accord за извоз во Европа. Новиот концепт треба да излезе на Европскиот пазар во 2009 година. 
(Б.Т)
|