сабота, 10.05.2008

  IDIVIDI Мени
foto.idividi.com.mk
Стил / Автосвет

Како да заштедите гориво

1.Користете апарат за мерење на потрошена количина

Користете апаратче за мерење на потрошувачката на гориво со цел да видите во кои моменти и при која брзина трошите најмалку бензин. Ваквите апаратчиња често се вградени во новите автомобили но може и да се купат.

2.Купувајте помал автомобил со мала зафатнина

Малите автомобили се лесни,  доволно брзи и практични, особено за во град. Обично тие се нудат со мотори со помала зафатнина, тоа значи и помала потрошувачка на бензин. Важно е да избегнувате и мали но многу снажни мотори.

3.Избегнувај Drive-Trough

Работењето на автомобилот во место троши околу 2,5 литри бензин на 1 час. Затоа е подобро да ја паркирате колата и да си купите брза храна  директно од продавницата отколку да чекате 10-15 мин кој ќе ве чинат околу 500 мл бензин.

4.Носете  патики за возење

Носењето на високи потпетици, чевли, чизми и останати обувки со високи или нерамни ѓонови предизвикува намалена контрола на педалата на гас и зголемена потрошувачка поради наглите притискања. Затоа избегнувајте вакви обувки и користете рамни патики со потенка гума.

5.Користете велосипед или моторцикл

Моторциклите поминуваат најмалку 1,5 повеќе километри отколку автомобилите., додека велосипедите немаат никаква потрошувачка и дури се добри за здравјето. Во случај да живеете во град со голем сообраќај, моторциклот е право решение – малку троши, доволно е брз, далеку е поевтин, први се местите на семафори (важи за моторцикли до 250сс).

6.Користете аеродинамични возила

Аеродинамиката на возилото има голема улога во потрошувачката на бензин. Затоа, избегнувајте џипови и гломазни автомобили и користете пониски и помали коли. Исто така, извадете го кровниот багажник кој ја намалува аеродинамиката.

7.Исчистете го багажникот

Дополнителниот товар во багажникот не се вози за џабе пари. Самата негова тежина (ако е поголема) влијае на зголементата потрошувачка. Затоа, не ги оставајте работите во багажник, туку после превозот извадете ги.

8.Проверувајте го притисокот на гумите

Секогаш гледајте гумите да ви се напумпани и тоа минимум според спецификациите на производителот, а пожелно е да бидат и повеќе напумпани. Високиот притиок значи помало триење со асвалтот и помала потрошувачка.

(Б.Т)




Наjновo од Стил
Новата муза на Chanel No. 5
Chevrolet Corvette ZR1
Водете го партнерот низ сексот
Глина за убавина и здравје
Sang Noir Bugatti Vayron 2008
Крема за зголемување на гради
Пристојните момчиња попривлечни од убавите
ЛАДА против BMW и Alfa Romeo
Ѕирнете во новиот Mégane
Како да заштедите гориво
Нов Jazz SUV
Peugeot’s 308 RC Z coupe
Mercedes SLK55 AMG BRABUS
VW GX3 Reverse Trike концепт
Препородениот Ford Capri
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи