Стил / Автосвет
Ѕирнете во новиот Mégane

Погледнете го новиот Mégane на Renault. Преку него, францускиот производител на автомобили сака да ја постигне репутацијата на најсмел дизајн за фамилијарно возило.
Создаден во главната фабрика на Renault, овој модел ќе биде официјално пуштен на продажба следната година.
Со изглед на купе, новиот Mégane се смета како француски одговор на фордовиот Focus и VW Golf кој освен изгледот ќе се брани и со нова опрема.
Двата модели, со три и пет врати, кои своето прво официјално претставување на јавноста ќе го направат на Париското Мотор Шоу во октомври годинава, се слични во тоа што располагаат со сончев кров и впечатливи предни фарови но различни во профилот и задниот дел.

Верзијата со три врати е “купе“ верзија со драматична предница, низок кров и со остра линија на страничните прозори. Одзади се карактеризира со масивно оформени стоп светла и прекршен ветробран.
Од друга страна, верзијата со пет врати има повеќе конвенцијална предница, зголемен преден ветробран и помазна задница со различни стоп светла и браник.
Во внатрешноста, двата модела имаат практичен но модерен интериер кој вклучува посребрени елементи, палење без клуч и сателитска навигација.

Агрегатот и неговите карактеристики не се познати но се знае дека ќе има дизел и бензински верзии како и Renault Ѕport верзија со 230кс.
Во врска со безбедноста французите ветуваат дека ќе има подобрен airbag систем и системи за стабилизација и пролизгување.
Почетната цена на моделите ќе изнесува нешто повеќе отколку предходните модели, и тоа околу 15.000 евра.



(Б.Т)
|