Стил / Автосвет
ЛАДА против BMW и Alfa Romeo

Рускиот Bears Motorsport тим се подготвува за учество во следната рунда на World Touring Car Championship (WTCC) која ќе се одржи помеѓу 16-ти и 18-ти Мај 2008 во Шпанија. Русите ќе влезат во конкуренција со две возила од типот ЛАДА 1106. Првиот тест на возилата беше изведен во Зандјоорт пистата Холандија од страна на Виктор Шаповалов и Јаап Ван Лаген. Тркачките примероци се модифицирани од познатиот ЛАДА-110 модел, произведен ок компанијата “АвтоВаз“. Под хаубата возилата располагаат со 2.0-литражен, 280кс агрегат направен од Германскиот Опел. Со истите мотори и на истата трка ќе настапи и тимот на Шевролет Лачети. 
1106-ките на ЛАДА ќе бидат тестирани уште еднаш пред трката во градчето Осершлебен во Германија. Членовите на рускиот моторспорт тим се надеваат дека ќе освојат едно од првите 3 места. Само да напоменеме дека скоро сите предходни шампионати беа освојувани од страна на BMW и Alfa Romeo. Ај и тоа чудо да го видиме. 
(Б.Т)
|