Стил / Автосвет
Sang Noir Bugatti Vayron 2008

Sang Noir (црна крв) е претставен како модерен дизајн на Type 57 Atlantique, исто така модел на Bugatti, кој сега е поседуван од германската компанија Volkswagen. Опишан во брошурата како “Veyron креиран за соспственикот кој ја цени синергијата помеѓу минатото и сегашноста“ со “рептилска ДНК“, Sang Noir располага со целосно црн екстериер и кафено - портокалов интериер. Како дополнитено впечатливи детали се сметаат: хромираната предна решетка во форма на коњска потковица, иницијалите на воланот, ретровизорите, полираните алуминиумски бандажи, сините сопирачки и рачките на вратите. Цената на ова спортско автомобилче ќе изнесува нешто под 2,000,000 долари. Со оваа цена, Sang Noir ќе биде најскапата кола на светот. 



(Б.Т)
|