Стил / Автосвет
Chevrolet Corvette ZR1
Шпекулациите, гласините и полу-вистините сега може да се тргнат на страна бидејќи Chevrolet официјално ја претстави својата нова Corvette ZR1.
Придвижен е од LS9 6.2-литарскиот агрегат со мал блок, за кој производителот тврди дека ќе произведува 100кс по литар зафатнина, или вкупно 620кс.

Не е дадена официјална информација за потребното време за постигнување брзина од 0-100км/ч. Единствено кажано е дека времето е сведено на помалку од 3 секунди.
Новиот мотор со мал блок единствено можеше да ги даде овие перформанси со вградување на “Root“ турбо полнач, нов тип на ротор како и подобрен систем за ладење на агрегатот.
На ZR1 се поставени огромни карбон-ќерамички плочки кој притискаат на издупчените дискови за кочење, исти во дијаметар (15-инчи) како што се предните дискови на Ferrari 599.
Единствената разлика е што на Корветата овие дискови се поставени на 20-инчните бандажи, немасто на 21-инчните на Ferrari.
За поголемо уживање, погледајте ги сите слики подолу.







(Б.Т)
|