Стил / Автосвет
Spada Codatronca влегува во производство

Во врска со Spada Codatronca, веќе објавивме вест дека е направен концепт, но сега, концептот ќе се реализира. Spada се здружи со произведувач на автомобили со цел да направи 20 копии во блиска иднина, со цена од околу 240.000 евра за една копија. Како што беше најавено и при концепт фазата, автомобилот ќе има супер-турбо LS7 V8 агрегат со над 600кс, максимална брзина од 330км/ч и забрзување од 0-100км/ч за само 3.2 секунди. За изненадување, во понудата ќе се наоѓа и модел кој ќе биде полесен (1.380 кг), помоќен (700кс), побрз (максимална брзина од 355км/ч) и со забрзување од 0-100км/ч за само 2,7 секунди, со секако доста поголема цена. 


(Б.Т)
|