Стил / Автосвет
VW економичен автомобил

Германскиот производител на автомобили Volkswagen планира да произведе автомобил кој ќе има потрошувачка од 1,2 литри на 100 километри, добивајќи го епитетот на најекономичната кола во светот. Но, автомобилот нема да може да се произведе без некои недостатоци, бидејќи потребата од многу мала тежина ќе доведе до исклучување на многу функции. Пред се, концептот e двосед, во кој патниците ќе седат еден позади друг. Простор за багаж ќе нема или ќе биде екстремно мал. Максималната брзина која може да биде постигната ќе изнесува 121км/ч. Од друга страна, гориво ќе треба да полните многу ретко и во мала количина. Имајќи ја во предвид ситуацијата со цените на бензинот како и со гужвите во сообраќајот, ова автомобилче можеби ќе биде навистина посакувано и практично. Својот модел, Volkswagen планира да го доведе на пазарот во 2010 година. (Б.Т)
|