четврток, 15.05.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / Автосвет

Ferrari GT - шпиунски слики

Информациите дека Ferrari ќе направи GT автормобил, кој е воведен под иницијалниот дизајнерски код F149, сега се потврдени.

Уште пред некое време италијанскиот производител на спортски автомоили покажуваше слики од надворешниот дизајн на новата креација, но сега, таа се наоѓа во фаза на тестирање. Ако се потврдат тестовите како позитивни, моделот ќе се најде на продажба во брзо време.

Новото возило ќе припаѓа на GT класата.
Бидејќи нема официјално име, како потенцијални, во форма на шпекулации, се потенцираат: Dino, F149, California GT итн. Конкретна информација за тоа треба да се добие при крајот на месец мај.

Од спецификациите, кои може да се дознаат, најинтересен е агрегатот кој ќе биде 4.3-литражен V8 и кој ќе се базира на моторот на F430, но со подобрен директен систем на инјектирање на горивото, нови и поголеми влезови за воздух, нови типови на глави на цилиндерот и модифицирани воздушни вентили.

Новиот, помал 2+2 Ferrari официјалното претставување ќе го доживее на Парискиот саем за автомобили во октомври.

GT-то ќе има метален покрив на преклоп, за прв пат употребен во историјата на производителот, кој додава тежина и покрај тоа што производителот тврди дека ќе гледаат да ја намалат вкупната маса во најголема мера.

Од маркетинг аспектот, F149 ќе биде наменето за потрошувачи кои го преферираат престижот на Ferrari во комбинација на GT (Grand Tourer) можностите, наместо врвниот стилски дизајн.

Цената која се планира да ја има ова Ferrari изнесува околу 155.000 евра.

(Б.Т)




Наjновo од Стил
Ferrari GT - шпиунски слики
12 тајни за сензационален “соло“ секс
Се ожени дедото на Карла Бруни
Потрага по костим за капење
Кола-авион веќе е реалност
Ич или брич?
Фризура според главата
Spada Codatronca влегува во производство
VW економичен автомобил
Chevrolet Corvette ZR1
Sang Noir Bugatti Vayron 2008
ЛАДА против BMW и Alfa Romeo
Ѕирнете во новиот Mégane
Како да заштедите гориво
Нов Jazz SUV
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи