недела, 18.05.2008

  IDIVIDI Мени
Стил / Автосвет

Audi TT Clubsport

Еве едно Audi ТТ кое е навистина “злобно“ и без кров!

Сликите кој ќе ги видите се однесуваат на новата верзија Audi ТТ Clubsport на германскиот стилски роадстер.

Специјалниот модел има агресивен изглед и моќност од 300кс.

Како што може да видите, новодојденецот е спремен за изложување и се базира на дизајнот на концептот кој беше претставен на автомобилското шоу во Есен, минатиот Ноември.

Резултатот е дека Clubsport на Audi, дефинитивно ќе крши вратови на поминувачите.

Предницата се карактеризира со повеќе продлабочен браник во однос на стандардната ТТ верзија, а исто така се разликува и според проширувањата на каросеријата над гумите како и страничните проширувања на долниот дел од автомобилот.

Интересно кај овој модел е пресечениот преден ветробран и интересните странични прозори. Позади возачката кабина се наоѓаат заштитни шипки обложени во кожа, наменети за осигурување на патниците во случај на превртување на возилото, кои се добри и како визуелен елемент.

Под надворешната “шминка“ е сместен 2.0-литражен агрегат од S3 хечбек верзијата, со модификации, кој е способен да произведе снага од 300кс.

Поврзан со Ауди-евата Quattro (погон на 4 тркала) верзија, моторот ветува одлични перформанси.

Информација за денот на лансирање на моделот не е добиена, но првичните примероци кои ќе може да се купат се очекуваат да бидат присутни при крајот на оваа година.

(Б.Т)




Наjновo од Стил
Време е за промена на фризурата
Вратете си ја енергијата и расположението
Audi TT Clubsport
Брчки после диета
Деветнаестгодишен Американец стана градоначалник
Како до секси очи
Jaguar XF AJ 21
Ferrari GT - шпиунски слики
Кола-авион веќе е реалност
Spada Codatronca влегува во производство
VW економичен автомобил
Chevrolet Corvette ZR1
Sang Noir Bugatti Vayron 2008
ЛАДА против BMW и Alfa Romeo
Ѕирнете во новиот Mégane
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Апел за помош
Лига на шампиони ’07
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи