Стил / Автосвет
MV Agusta F4 Gold
Во неколку луксузни списанија и вести се споменуваа Мерцедесот кој беше покриен со дијаманти, златното Порше и многу останати позлатени и дијамантско обложени предмети.
Но, нешто што е навистина ретко е да наидете на позлатен моторцикл, кој се наоѓа на исто ниво според луксузноста.

Златниот MV Agusta F4, направен од Венецијанскиот ценет обработувач на метали – Aurum, е нај “светкавиот“ моторцикл кој се појавил досега.
Aurum-овата Agusta е прекриена со 24-каратни плочи кои зафаќаат вкупна површина од 5 метри квадратни.
На самото злато е забележлива малку рапавата површина која дава ефект како снегулки.
Дали ваквиот моторцикл ќе биде на продожба или не, не знаеме. Но, сигурни сме дека цената на ова парче брз накит нема да биде нималку ниска.
(Б.Т)
|