Стил / Автосвет
Ford Focus RS
Добра вест за сите љубители на Focus, Ford ги објави сликите за планираниот Focus RS кој треба да се појави на саемите во првата четвртина на 2009 година.

Сликите се објавени со цел да ја запознаат јавноста за новиот изглед, како и да привлечат и критики кои може да се применат за минимална модификација.
Очигледно е дека RS има далеку подобар изглед од класичната верзија.
Спортскиот модел ќе биде напојуван од 2.5-литражен бензински мотор кој ќе произведува 280кс.
Снагата од моторот ќе се пренесува на сите четири тркала. Ако пак, силата се префрли само на предните две тркала, тогаш оваа машина изгледа страшно и несигурно. Но, Ford обезбеди и дополнителна електронска опрема за стабилизција на асфалтот дури и при големи брзини.
За подетални информации ќе треба да се почека некое време, сега може само да се коментира изгледот.


(Б.Т)
|