Стил / Автосвет
Honda NSX – во тест фаза

Honda NSX излезе од сенката под која се криеше. Обложена со црно-бела, непривлечна наметка како би се прикриле правилните линии, Јапонскиот новодојденец е спремен да се бори со GT-R на Nissan и LF-A на Lexus. И покрај наметката, автомобилот наликува на Acura Advanced Sports концептот кој беше откриен во 2007. Дури и четирите издуви на задниот браник се многу слични. Агрегатот е заменет од предходникот со нов, кој е поставен под предната хауба за да се подобри тежинскиот баланс. Забелешките дека силата на моторот ќе биде намалена во новиот модел се сосема неточни. Имено, NSX ќе располага со целосно нов V10 агрегат кој ќе произведува 450кс. 
Дизајнот дури дозволи и да се постават две задни седишта во NSX, со што се добива поиздолжен изглед. Цената се очекува да биде околу 60.000 Евра во моментот кога ќе се појави на саемите при крајот на 2009 година. 

(Б.Т)
|