
|
 |
Стил / Автосвет
Новата Fiesta ECOnetic троши само 3.7 л.
Компанијата Ford на јулскиот лондонски саем за автомобили London Motor Show ќе го претстави новиот модел на Fiesta ECOnetic. Новата Fiesta е со 1,4литарски турбодизел мотор, кој троши само 3.7 л/100 км.

Суперштедливата Fiesta освен што троши малку, во средината емитува помалку од 100 г/км CO2. Експертите од компанијата Ford за ваквиот добар резултат не се потпреа само на добрата машина.
За да го постигнат овој резултат, тимот на компанијата користел посебна пневматика, а суспензијата на автомобилот и додатниот каросериски кит придонесоа за уште подобра аеродинамика.
За сега не се откриваат сите детали на новиот Ford-ов модел, но се очекува Fiesta ECOnetic да добие и обновен рачен менувач.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|