
|
 |
Стил / Автосвет
Нов хибрид од Tesla Motors - Sedan Model S
Tesla Motors најави нов хибриден модел, Sedan Model S, кој ќе се појави на пазарот дури во 2010 година. Почетната цена на автомобилот ќе биде 60.000 американски долари.
Станува збор за plug-in хибрид кој ќе се движи благодарение на електромотор, а енергијата ќе ја црпи од литиумска батерија. Најавено е дека со едно полнење на батеријата ќе може да се поминат околу 365 километри.

Главниот човек во Tesla, Елон Маск тврди дека во првите четири години од произведувањето на Model S ќе успеат да ги намалат производствените трошоци до таа мера што цената ќе падна на 30.000 долари.
Иако првобитно беше планирано производството да се одвива во Мексико, Model S ќе пристигне од производствените ленти во Калифорнија.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|