Стил / Автосвет
На повидок уште една GTA верзија на Alfa Romeo?
На презентацијата на моделот Mi.To, извршниот директор на компанијата Alfa Romeo, Лука де Мео откри неколку детали за посебната серија на моделот 8C Competizione.

Оваа посебна серија се уште се наоѓа во развојна фаза, а треба да се појави за време на прославата на јубилејот во 2010 година. Автомобилите треба да претставуваат полесна и помоќна верзија на купе, слично на Lamborghini Gallardo Superlegger.
Де Мео истакна дека оваа идеја се уште нема добиено зеленото светло од Fiat. Доколку се реализира, новата серија треба да добие и зголемена сила, која ќе достигне и до 450 KS.
Иако Мео не е сигурен дека проектот ќе го добие зеленото светло, тоа што со сигурност може да се потврди е дека бројот на примероците ќе биде ограничен на околу 100, и сите ќе ја носат фамозната ознака GTA.
(Д.Т)
|