
|
 |
Стил / Автосвет
Tatra - концептот 903
Чешката компанија Tatra го претстави концепт-автомобилот кој ќе се движи на погон на хидроген. Концептот 903 е интересна комбинација од издолжена хауба, карактеристична за моделите од 30-те години и модерен аеродинамичен дизајн.
 Во случајот на Tatra, станува збор за студија за која за сега нема планови за производство, но сето ова говори за фактот дека чешката компанија со 111 годишна историја се уште има што да покаже.
Tatra не ги објави техничките детали за погонот на концепт-автомобилот, освен дека моторот како гориво користи хидроген.
 За потсетување, Tatra е третиот најстар произведувач на автомобили, после Daimler, Mercedes Benz и Peugeot, но од 1999 година Tatra не произведува автомобили, туку само посебни off road возила.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|