вторник, 08.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Стил / Автосвет

Нови фотографии и детали за Ford Focus RS концептот

Пред најавеното претставување на Ford Focus RS концептот во Лондон, се појавија бројни официјални фотографии, но и некои технички детали за новото возило.

Еден особено важен детаљ, кој стигна до медиумите се однесува на начинот на кој Focus RS ќе ги пренесува на асфалтот најавените 300 KS.

За да го спречат расипувањето на обртниот момент и силната суспензија или таканаречениот torque steer ефект, инженерите дизајнирале уникатен систем на суспензија наречен „RevoKnuckle“ кој овозможува автомобилот да го задржи правецот и под полн гас.

Новиот систем овозможи да се изостави AWD погонот, кој дополнително би ја зголемил тежината. Quaife автоматскиот диференцијал со затворач би требало да овозможи соодветен пренос на сила, дури и при променливи временски услови и на помалку квалитетни подлоги.

На хаубата може да се забележат процепи за воздух, кои ќе обезбедат доволна количина на свеж воздух за Duratec 2.5 литарскиот турбо мотор, кој потекнува од моделот Focus ST.Со најавените 300 KS и околу 400 Nm новата генерација на Focus RS ќе биде посилна од сите претходници. И покрај новите најавени технички решенија, сепак FWD погонот бара поголема внимателност во поглед на перформансите.

Новиот модел се очекува да даде и солидно забрзување, односно до 100 километри на час да развие за не повеќе од шест секунди. Покрај дополнителната снага, Focus RS добива за 40 милиметри поширок траг на тркалата, 19" тркала и унапредена суспензија.

Иако концептот ќе биде претставен за неколку недели, сепак комплетните официјални детали нема да бидат објавени се до претставување на финалната верзија на Focus RS, која може да ја очекуваме кон почетокот на идната година.

(Д.Т)




Наjновo од Стил
Не спијам со мажи !
Водич за секс во лифт
И познатите мочаат јавно?!
Нови фотографии и детали за Ford Focus RS концептот
Tatra - концептот 903
Храна и љубов
Арапите си го менуваат личниот опис
На повидок уште една GTA верзија на Alfa Romeo?
Нов хибрид од Tesla Motors - Sedan Model S
Corvette ZR-1 - нов рекордер во Нирбургринг
IFR Automotive го претставува Aspid
Porsche 911 Carrera 4 и 4S
Millechili подлога за новиот супер Ferrari?
Новата Fiesta ECOnetic троши само 3.7 л.
2009 Maserati Quattroporte
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи