
|
 |
Стил / Автосвет
Tata Nano поскап од најавеното?!
Се чини дека порастот на цената на материјалите сепак на крај ќе резултира со зголемување на цената на идниот најевтин автомобил на светот, чија првобитна цена според најавите требаше да биде околу 1.600 евра.

Последниот раст на цените се одрази и на материјалите кои се неопходни за производство на овој автомобил, па оттука тоа веројатно ќе се одрази и врз конечната цена на автомобилот. Во автомобилските кругови веќе се прошири информацијата дека „Tata Motors“ ги замоли добавувачите да „понесат дел од товарот“.
Најголемиот проблем, како за Tata така и за останатите произведувачи е порастот на цената на челикот, која во последно време како и онаа на нафтата, ја достигна својата рекордна цена:
Од „Tata Motors“ за сега одбиваат да ги коментираат ваквите наводи, но колку повеќе се доближува времето кого Tata Nano треба да се појави на пазарот, така се повеќе работите ќе се искристализираат.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|