Стил / Автосвет
Концептот-cX влегува во производство
Mitsubishi потврди дека Концептот-cX, претставен на ланскиот Frankfurt Motor Show, ќе вежлезе во прозивдоство како нов компактен crossover модел.

Најавата е дека постојаниот погон на сите четири тркала гарантира дека помладиот брат на Outlander ќе биде погоден за теренски излети, а притоа нема да остава тешка трага на околината, бидејќи ќе го движи мотор од семејството на нови дизел мотори, кои ги задоволуваат строгите Euro 5 стандарди.
Моторот ќе има обем од 1.8 литри и ќе нуди 136 KS и 280 Nm обртни моменти до 2000/min. Со помош на споменатиот интегрален погон, силата врз тркалата ќе ја дистрибуира Twin Clutch SST преносниот систем со двојна спојка.
Доколку производната изведба на Концептот-cX ги постигне очекуваните резултати, набрзо ќе можеме да ја очекувале и рестилизираната верзија во режија на Peugeot и Citroën, исто како што беше случајот со теренската тројка Outlander, C-Crosser и 4007.
|