
|
 |
Стил / Автосвет
Citroen C3 Picasso: Најмалиот уметник
Citroen ќе приреди изненадување на Paris Auto Show кој ќе се одржи во октомври годинава. Meriva, Modus и Note добија лут ривал во моделот C3 Picasso.
 Продажбата на слаткиот и практичен Француз треба да започне кон крајот на 2008 или кон почетокот на 2009 година, во зависно од пазарот. Ова е веќе трет модел во низата на модели кои го понесоа името на славниот кубистички мајстор.
 Исто како и C4 Picasso и Grand Picasso, и најмалиот член на „уметничкото“ семејство ќе понуди голема сестраност и изненадувачка пространа внатрешност, особено ако се зема предвид дека автомобилот е нешто подолг од четири метра.
 Со опцијата за лизгачката задна клупа ( седишта) основниот волумен на багажот треба да се движи од 385 до 500 литри.
 C3 Picasso најавува и нова генерација на моделот C3, кој на пазарот треба да се појави во текот на идната година.

Автомобилот ќе биде достапен во две бензински и две дизел варијанти: 1.6 HDi во варијанта со 90 и 110 KS, 1.4 со 95 KS и 1.6 со 120 коња. Се очекува цената на основниот модел да биде околу 13.000 евра.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|