петок, 22.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Стил / Автосвет

Тајно претставување на новиот Sagaris

Има надеж за британската компанија TVR. Познатиот произведувач, на настан кој се чуваше во најголема тајност, ја претстави подобрената верзија на Sagaris.

За време на презентацијата, најавено е дека автомобилот ќе се најде во производство до крајот на годината. Приказните за затворање на фабриката, масовните отпуштања и за можно присоединување со еден италијански произведувач предизвика страв за можно целосно згаснување на легендарната марка. Сепак, се чини дека на TVR и претстојат посреќни денови.

Дејвид Оксли, генералниот директор на компанијата, за време на презентацијата на автомобилот најави дека продажбата на моделот може да се очекува во првите месеци на 2009 година, за кога е предвиден и почетокот на развојот на новите модели на компанијата.

Новиот Sagaris (на сликата е претставен стариот модел) доби унапредена суспензија и управувачки систем. Внатрешноста е темелно обновена, вграден е нов систем за климатизација, нови теписи, а рестилизирана е средната конзола. Новиот модел ќе добие 4-литарски мотор со шест цилиндри, кој и понатаму ќе испорачува 380 KS со 473 Nm обртен момент.

Цената се уште не е позната, но се очекува дека ќе се движи до 85.000 евра. Автомобилот нема да биде наменет само за британскиот пазар, каде управувачот се наоѓа на десната страна, туку и за останатиот каде воланот е позициониран на левата страна. Продажбата прво ќе започне во Британија, а потоа ќе се прошири и во останатите делови на Европа и на Средниот Исток. (Д.Т)


Наjновo од Стил
Новите млади модни икони
Еколошка педала за гас
Биди тигрица, не кловн
Снимете домашно порно
Mitsubishi Pajero Sport
125 години од раѓањето на Коко Шанел
Toyota најави хибриди од сите модели
И Daimler подготвува електрично возило
Враќање на американската легенда
Volvo го оживува VCC концептот
Arden Jaguar AJ21 XF
Нов Hyundai Coupe
Спачек ќе добие наследник?!
Progetto 940 - новата душа и срце на Alfa Romeo
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
QBE
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи