
|
 |
Стил / Автосвет
Veyron Targa пристигнува летово
Пред неколку месеци Bugatti и официјално го потврди доаѓањето на уште една ексклузивна изведба на еден од најпосакуваните автомобили во светот. Станува збор за Veyron верзијата на Targa.
 Според информациите на „Edmund“ Veyron Targa својот прв јавен настап би можел да го одработи уште следниот месец на „Pebble Beach Concours d’Eleganceu“.
 За потсетување, станува збор за кабриолет верзија кај која монтажниот кров нема да може да се смести во автомобилот. Доколку го оставите дома, а времето ви се расипе, за заштита на внатрешниот патнички дел ќе ви послужи платнениот кров, кој најверојатно се наоѓа во рамот на ветробрановото стакло.

Благодарение на монтажниот кров, каросеријата на Targa ќе биде зајакната, но зголемената маса и намалените аеродинамични својства ќе се одразат врз перформансите.
Токму од тие причини се предвидува дека максималната брзина на возилото ќе се движи од 340 до 350 km/h. Засега не се знае во колку примероци ќе би произведен. Се шпекулира со бројка од 80 примероци, чие производство ќе започне во првата половина на следната година.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|