
|
 |
Стил / Автосвет
Volkswagen подготвува помала Буба
На интернет веќе почнаа да кружат информации дека Volkswagen размислува за уште една, помала изведба на Буба, која би имала погон на задните тркала и би се базирала на концептот up!
 Засега сите информации околу овој модел се чуваат во најголема тајност, но како што се дознава овој модел во понудата на Volkswagen ќе се најде под постојната Буба, која наскоро ќе се замени со нова генерација.
Имено, новата генерација на сегашната Буба ќе се базира на шестата генерација на новиот Golf, додека новата помала Буба ќе се базира на концептот up!-и ќе има погон на задните тркала.
 Токму поради сличностите со up!-концептот, некои сметаат дека помалата Буба всушност ќе биде замена за up! На оние пазари на кои up! Нема да се појави, како на пример на американскиот пазар. Затоа засега останува нејасно дали ќе станува збор за глобален модел или само за верзија на up! Наменета за одредени пазари.
Во секој случај, со овој потег Volkswagen всушност започнува да гради еден подбренд од кој во иднина можеби ќе изродат уште неколку модела. Што се однесува за стајлингот, нема сомнение дека ќе го задржи оној од Бубата, а како таа ќе изгледа можете да видите од претставените рендери.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|