
|
 |
Стил / Автосвет
Нови податоци за Kia Soul
Корејскиот произведувач на автомобили Kia наскоро на пазарот ќе го претстави новиот компактен автомобил со пет врати. Станува збор за Soul кој во сериски облик ќе дебитира на претстојниот париски саем за автомобили.
 Засега се познати неколку информации за моторизацијата и за точното појавување на пазарот.
Kia соопшти дека во понудата ќе бидат вклучени три мотора, два бензици и еден дизел. Но, засега нема информации за нивните перформанси. Познато е дека ќе станува збор за 1,6 и 2,0-литарски бензинци и за 1,6-литарски дизел со турбополнач со променлива геометрија (VGT). Значи станува збор за мотори кои се блиски од оние од моделот cee'd.

Што се однесува до почетокот на продажбата, прво треба да се каже дека после неколкуте саемски студиски модели Soul во својот конечен облик ќе дебитира на есенскиот париски саем на автомобили, по кој во февруари следната година ќе пристигне на европскиот пазар. Два месеца подоцна треба за започне и продажбата во САД.
(Д.Т)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|