
|
 |
Стил / Автосвет
Нови информации за Honda NSX
Последните информации говорат дека наследникот на легендарната Honda NSX ќе развива многу поголема сила отколку што претходно се претпоставуваше и ќе биде опремен со VCM систем.
 На почеток се нагаѓаше дека 5,5-литарскиот V10 мотор на идниот NSX ќе развива сила од околу 550 KS, но последните извештаи упатуваат на бројка која е се поблиску до 600 KS.
Исто така моторот би требало да биде опремен со познатиот систем на Honda VCM (Variable Cylinder Management) со кој ќе се овозможи деактивација на половина од цилиндрите кои при помало оптоварување ќе придонесат за помала потрошувачка на автомобилот. Со други зборови, понекогаш нема да ви требаат сите цилиндри да работат.

Се очекува моторот да развива максимален обртен момент од 588 Nm, а погонот секако ќе биде на сите четири тркала. Се предвидува дека масата на автомобилот ќе биде нешто помала од 1500 килограми, а според некои извори на предните тркала ќе има гуми со димензии255/30 R19, додека одзади 295/35 R20.
(Т.Ј)
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|